Сончево и топло

од desk4
168 прегледи

 Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските предели ќе има умерен развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната температура од 24 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 10, а дневната температура до  28 степени.

Утре ќе има зголемена облачност со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Од понеделник ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд, а од вторник и со локална појава на грмежи. с