Сончево време со умерена облачност, од вечер дожд

од Берта Китинска

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од попладне облачноста ќе се зголемува, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 5 степени, а дневната од 7 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Утринската температура ќе достигне до 2 степена, а дневната до 13 степени.

Слични содржини