СОНК од Министерството за образование бара  дел од наставниците кои вршат настава со физичко присуство, а се во ризична група, хронично болни и повозрасен кадар да им се овозможи од дома да ја вршат работата затоа што нивното здравје е доведено во опасност особено сега со драстичниот раст на бројките

„Треба да се преиспита одлуката на МОН за настава со физичко присуство, со оглед на бројот на заболени во и вон училиштат.Наставниците кои сакаат да работат од дома, да користат свои уреди и интернет, со цел да не се изложуваат на ризици, директорите на училиштата да им го дозволат тоа“, вели претседателот на СОНК Јаким Неделков.

Воедно Неделков, напомена дека  в о октомвриската плата која треба да ја добијат на почетокот на ноември, треба да бидат пресметани дополнителните часови. Еден наставник за дополнителните часови треба да добие плус 5000 денари на нето односно до 8000 денари на бруто плата.

Слични содржини