Обожавателите на познатата гејминг конзола на Sony ќе мора да ја почекаат уште малку најновата генерација на PlayStation.

PlayStation 5 конзолата нема да ја видиме до идната година, а тоа го потврди и репортерот на Wall Street Journal на Твитер кој откри дека од разговорите со претставници на Sony било откриено дека новата генерација на гејминг конзолата нема да излезе во идните 12 месеци.
Ако може да се верува на ова, PlayStation 5 би можел да пристигне во продажните салони најрано идното лето, а голема е веројатноста Sony да ја пушти во продажба својата конзола околу Божиќните празници.
Инаку, кога станува збор за PlayStation 4, од Sony гордо тврдат дека уредот е продаден во 96,8 милиони примероци. Кога станува збор за PlayStation Plus од друга страна, јапонскиот гигант исто така има 36,4 милиони претплатници, а заработката ќе падне за околу 10% со оглед на трошоците поврзани со развојот на PlayStation 5.
Што се однесува до Microsoft и нивната конкурентска конзола, се шпекулира дека се развива нов Xbox One под кодно име Anaconda. Американците наводно подготвувале дури две конзоли за 2020-та година, а повеќе информации ќе пристигнат наскоро.