Соодветна избрана храна помага во борбата против појавата на одредени видови рак

од Vladimir Zorba

Соодветно избрана храна, вушност претставува поширок процес на  дисциплина за време на одредување на оброк и големина на порциите, кои би можеле да бидат најдоброто средство за борба против ракот.

Работата е во тоа дека една третина од видовите рак се поврзани со исхраната. Оттука излегува дека вистинската диета може многу да го намали ризикот од појава на болести. А, ако се земе предвид дека канцерогените тумори се развиваат бавно, следува дека има време да се забави и дури да се запре овој процес. Станува збор главно за зеленчук и овошје со портокалова, жолта и зелена боја.

Морков

Морковот е богат со еден од повеќето неопходни антиоксиданти, способни според експертите да ги заштитат од рак – бета каротин. Истражувања на Универзитетот Харвард откриле дека бетакаротинот е токсичен за клетките на малигните тумори, го забавува растот на клетките на ракот на белите дробови и ги менува протеините потребни за растот на туморите. Во телото бетакаротинот може да се претвора во ретинолова киселина која поминува низ клинички испитувања како лековито средство против одредени форми на рак.

Цитрус: лимони, портокали, грејпфрут, мандарини

Цитрусите ги содржат сите природни соединенија (каротиноиди, флавоноиди и др.), од кои секој ги неутрализира силните хемиски канцерогени. И можеби тие се најефикасното средство против рак на панкреасот.

Домати

Утврдено е дека пигмент на ликопен, приложен во црвената боја на доматите, го намалува ризикот од развој на рак на панкреасот и напротив, ниската содржина на ликопен во крвта значи зголемен ризик од рак на овој орган. Неверојатно е дека ликопенот се содржи во сите производи од домати, вклучувајќи сосови, домати пасти и дури кечап.

Лубеници и кајсии

Како и доматите, лубеници и кајсиите го содржат истиот антиоксиданс кој ги неутрализира слободните радикали на кислородот кои предизвикуваат рак. Покрај тоа кајсиите содржат во поголемо количество бета каротин, кој се “бори” со ракот на белите дробови.

Слични содржини