Сопруг ја претепал својата жена во близина на кафуле

од Nikola Popovski
426 прегледи

Жена била претепана од својот сопруг во близина на кафуле во Центар, соопшти полицијата.

-Вчера во 15.30 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена пријавила дека околу 13.30 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот брачен партнер, 57-годишниот Д.Н. од Скопје, кој ѝ упатувал и закани, соопшти МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини