Сопственикот на дивоградбата кај „Мавровка“: Имав одобрение за обнова на објектот

од Aleksandar Petrovski
524 прегледи

По денешното започнување со рушење на дивоградбата кај „Мавровка“ се појави сопственикот на објектот Мевљудин Алити, кој на прес конференција рече дека ќе тужи не само пред домашни судови туку и во Стразбур.

-Според законот, за обнова на објект треба само да се достави проект и елаборат. Јас тоа го направив пред да почнам да градам. Нема никакво ограничување со што ќе го обновам објектот кој сум го легализирал. Според проектот, станува збор за објект само со приземје, немаше да кревам втор спрат, тоа ќе беше покривот, рече Алити, покажувајќи ги проектите.

Тврди дека не треба да бара одобрение за градба за обнова на објект кој што претходно го легализирал. Кажа и дека му платил на градот 4,7 милиони денари за легализација на објектот и дека на Општина Чаир ѝ доставил елаборат и проект и не знае зошто градоначалникот Висар Ганиу велел дека не знае кој гради.

Алити кажа дека досега не излегол во јавноста оти станувало збор за приватна инвестиција. Рече дека тој не го пресекол дрвото пред кафулето и праша зошто уште не е откриено кој му го запалил објектот на 1 мај.

Слични содржини