Состанок на ПСЈИЕ за справување со дезинформациите во регионот

од Марта Пешевска
108 прегледи

„Борбата против дезинформациите во Југоисточна Европа“ ќе биде главна тема на седницата на Генералната комисија за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), што ќе се одржи денеска во Собранието.

Со седницата ќе претседава пратеникот Џеват Адеми, а обраќања ќе имаат потпретседателот на Парламентот Горан Мисовски и министерот без резор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски и Зоран Попов, претставник на Советот за регионална соработка.

На крајот на седницата предвидено е да бидат усвоени Предлог-извештајот и Предлог-резолуцијата за справувањето со дезинформациите во ЈИЕ.