Состанок на Западен Балкан во Сараево, и Македонија е таму

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Денеска во Сараево се одржува состанок на премиерите на земјите од Западен Балкан.

Целта на самитот е приближување на овие земји кон Европската унија и разговор за регионалните проекти кои се однесуваат на транспортната и енергетската инфраструктура, како и соработката во областа на младите и образованието.

На состанокот, чиј домаќин е претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, покрај Македонија  ќе учествуваат и премиерите на Албанија, Косово, Србија и Црна Гора. На состанокот треба да учествува и еврокомесарот Јоханес Хан, како и и министерот за надворешни работи на Италија, Ангелина Алфана, земја домаќин на самитот на земјите од Западен Балкан што во јули годинава ќе се одржи во Трст.

Се очекува енергетиката да биде главна тема на состанокот на премиерите од Западен Балка