Српската премиерка Ана Брнабиќ процени дека ако граѓаните не бидат дисциплинирани, може брзо да влезат во проблеми.
“Лесно можеме да го забележиме зголемувањето на бројот и сигурно е дека ќе имаме влошување во деновите пред нас”, рече Брнабиќ и апелираше до граѓаните да носат маски.
На прашањето како би изгледал колапсот на здравствениот систем, Брнабиќ рече дека ќе биде исто како и во Њујорк, Италија … и тоа значи дека нема да има место за интензивна нега, нема да има анестезиолози …
“Имаме опрема но може ќе се најдеме во ситуација да нема доволно. Сепак, не можеме да си дозволиме сите болници повторно да бидат полни, мора да лекуваме и луѓе од други болести. Отвораме привремена болница во Арената затоа “, рече Брнабиќ.
Таа рече дека во овој момент не се планира затворање и забрана за движење.
„Прилично сум сигурена дека ќе можеме да го избегнеме тоа и да го спречиме третиот бран на некој друг начин“, рече Брнабиќ, додавајќи дека е многу тешко да се контролираат сите кафулиња.