Состојбата со коронавирусот во земјава се стабилизира

од Берта Китинска
357 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче оцени дека состојбата со коронавирусот во моментов е стабилна и дека мерките кои се на сила даваат резултати.

-Охрабрувачки е тоа што, според едно истражување, над 60 проценти од здравствените работници би се вакцинирале против Ковид-19.Исклучително висок процент на здравствени работници се заинтересирани да ја примат вакцината, и тоа е добар сигнал за сите граѓани. Здравствените работници беа на првата линија во борбата и знаат колку е опасен вирусот. Доколку тие се вакцинираат, тоа ќе влее поголема доверба и кај граѓаните“, истакна Филипче.

Филипче исто така вели дека како и досега, Министерството ќе продолжи да информира транспарентно и точно, со цел граѓаните да добијат правилни информации за важноста од вакцинирањето и безбедноста на овој процес.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85328, бројката на оздравени пациенти е 65793, на починати е 2571, а бројот на активни случаи изнесува 16964.

Слични содржини