Изминатиов викенд во земјава покрај големиот број на заразени беше забележан висок број на смртни случаи.
Здравствените експерти велат дека пикот од третиот бран ќе биде за две недели. Властите велат дека состојбата е критична, но граѓаните не треба да се грижат, и дека оние лица кои имаат потреба во секое време добиваат соодветна здравствена грижа и третман во болниците.
Со оглед на брзото ширење на вирусот Владата попладнево ќе одржи прес-конференција со цел да информира за состојбата и за тоа дали ќе има нови рестриктивни мерки.Имено, како што неофицијално дознавме, угостителските објекти ќе бидат затворени 14 дена, додека пак, полицискиот час кој досега беше до 22:00 часот, ќе стартува од 20:00 часот.
Лани за време на празникот Рамазан Бајрам и Велигден беше воведен карантин, дали истото сценарија ќе се повтори и оваа година останува да видиме.
Во моментов на сила е полицискиот час од 05-22 часот, кој стапи на сила од 10 март, а според последната одлука тој треба да трае до 6 април.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.867, бројката на оздравени пациенти е 109.297, на починати е 3.940, а бројот на активни случаи изнесува 21.630.