Премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовски и министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска ја презентираа реформата во социјалниот систем која треба да се применува од 1. Септември. Според измените, социјалната помош ќе се зголеми за три пати како гарантиран минимален приход за најголем дел од семејствата во социјален ризик, преквалификација и доквалификација на работоспосбните приматели со цел да можат да се вратат на пазарот на труд и да излезат од сиромаштија.

„За повеќе од 70 отсто на корисниците на социјална помош зголемувањето е повеќе од 300 отсто или трипати повеќе од тоа што го добиваат сега. Започнуваме темелни реформи во ситемот на социјална и детска заштита. Се зголемува социјална парична помош и воведуваме минимален гарантиран приход. Целта е да се усогласи паричниот надоместок што го дава државата со потребите на граѓшаните и да им помогнеме побрзо и полесно да излезат од сиромаштија, рече Заев кој додаде дека се олеснува пристапот на детскиот дотаток и се зголемува сумата.
„Секое дете ни е поеднакво важно. Ако ја осигураме нивната иднина ќе ја осигураме и иднината на Република Македонија, рече премиерот Заев.
Министерката Царовска смета дека најважно за секоја држава е да инвестира во човечкиот потенцијал бидејќи, како што рече, единствено инвестирањето во луѓето може да одржи една нација.
„Токму тоа го правиме. Пренасочуваме средства кон граѓаните кои се во ризик, но треба да ги извлечеме преку нивно ангажирање на пазарот на труд, а на нивните деца да им дадеме шанса за образование и еднаков старт како сите останати деца од семејства со повисоки примања, рече Царовска.
Не смета дека зголемувањето на социјалната парична помош, или т.н. гарантиран минимален приход, може да ги деактивира лицата од пазарот на труд, со оглед на тоа што сега минималната плата е околу 12.000 илјади денари, затоа што сега со реформата се овозможува семејство во кое има приходи од само една таква плата да добива и детски додаток и додаток за образование, со што вкупно ќе има околу 5.000 денари поголеми примања отколку оние со минимален гарантиран приход.
Како заштитна мерка планирано е и доколку тие што ќе бидат прекфалификувани и доквалификувани согласно пазарот на труд два пати одбијат понудена работа да го изгуват правото на гарантиран минимален приход.
– Ќе се работи и на нивна прекфалификација и докфалификација за да може преку оперативаен план да бидат вратени на пазарот на трудот. По преквалификација и доквалификација ќе им бид понудена работа и ако двапати ја одбијат помошта ќе им биде скратена, рече Царовска.
Премиерот Заев дополни дека државата сака да издвои средства, но, како што рече, тие да одат кај луѓе на кои им е потребно.
Министерот за финансии Тевдовски појасни дека за спроведување на овие реформи за идната година се издвоени 2,2 милијарди денари.
Со зголемување на средствата, рече, сакаме да обезбедиме доволно за сиромашните граѓани и ќе бидеме сигурни дека нема да има гладни деца, од една страна, а од друга да се обезбеди можност тие да се извлечат од кругот на сиромаштија.