Високите потпетици се аксесоар број еден на најголем дел од женската популација. Некои се чувствуваат повисоки, потенки а некому се основен елемент за самодоверба. Но, најголемиот проблем е висината на штиклата. Еве неколку совети за да ја изберете вистинската потпетица:

Колку повисока е потпетицата толку е поголем напорот за одење, држење на телото и болките во кичмата, а особено опасно е за жените кои мораат по цел ден да ги носат.
Кога носиме обувки со високи штикли, тежината на телото се префрла на предниот дел од стапалото па затоа и се напнуваме нанапред. Поради неправилниот став на телото се прави голем притисок на колената и грбот а со тоа се создаваат непријатни болки во долниот дел на грбот. Доколку може да издржите барем два дена во нив, нема да бидат “фатални”, но ако ги носите подолго време може да се појават проблеми кои тешко може да ги решите.
Иако многумина сметаат дека платформата го ублажува притисокот и спречува искривување на кичмата, тоа е грешка. Сите последици се исти, без оглед на тоа колку дебела е платформата, бидејќи обувката и понатаму е неудобна.

Моделот на обувките е исто така важен. Подлабокиот модел подобро го држи зголобор, отколку плитките модели, сандали. Салонките се добар избор за носење, доколку висината на штиклата е помала.
Пред секој шопинг мора да ги пробате обувките и да прошетате низ продавницата, ако се стабилни и удобни купете ги, а ако не можете да достоите на нив откажете се од купување.
Во однос на висината на потпетиците, сите сандали или салонки кои имаат штикла до 7 сантиметри се удобни и одлични за одење. Се што е поголемо од таа величина на штикла може да ви донесе само проблеми.
Особено се препорачува и да не се бираат претерано рамни обувки, или балетанки, особено ако имате рамни стапала.