Совети од психијатри за борба против „зимската депресија“

од Stefanija Kuzmanovska
353 прегледи

Ако се чувствувате тажно и песимистично во овој период, послушајте ги советите на експертите и имајте на ум дека не сте сами во тоа.

Зимата доведува до симптоми на хибернација, што може да се манифестира како прејадување, замор, поспаност и чувство на повлекување, објаснува психијатарката Роксана Навамар.

Еве неколку совети од психијатри како да се изборите против „зимската депресија“:

Користете светлосна терапија

Истражувањата покажаа дека терапијата со светлина – употребата на светлосни зраци за терапевтски цели, може да помогне во регулирање на нивото на серотонин и со тоа да се намали депресијата, дури и за време на најмрачните вечери.

Функционира така што мелатонинот (кој го регулира деноноќниот ритам) скока кога заоѓа сонцето, сигнализирајќи му на телото дека е време за спиење. Се разбира, бидејќи станува темно попладне во текот на зимата, ретко кој е подготвен да легне толку рано.

Ова го збунува телото и може да доведе до проблеми со спиењето, создавајќи реакција што влијае на нивото на серотонин и расположението.

Со вклучување на светлосни ламби од 10.000 лукса (што е околу 20 пати посветла од вообичаената сијалица во затворен простор), телото е во состојба да остане будно. Комбинирање на светлосна ламба со терапија со црвено светло може да биде многу корисна, советуваат психијатрите.

Не е пожелно да ги спуштате ролетните и да ги запалите затемнетите светла во домот, бидејќи тоа ве прави само поспани и дополнително ве заморува.

Обрнете внимание на внесот на хранливи материи

Витамини и минерали се важни фактори, и ако немаме доволно витамин Д или магнезиум, има промени во расположението. Недостаток на овие витамини може да доведе до поголем немир, вознемиреност и отежнато спиење.

Ви ги претставуваме клучните хранливи материи за зимскиот период:

витамин Д
магнезиум
фолна киселина
комплекс на витамини Б

Побарајте поддршка

Важно е да пронајдете некој на кој може да му верувате и да му се доверите, било да е тоа член на семејство, пријател, партнер, соработник или професионалец – психијатар или психолог.

Реагирајте порано

Во текот на зимата, расположението паѓа и се јавува мрзливост. Пред телото да влезе во таква состојба, потребна е подготовка.

Набавете светлосна ламба, шетајте секое попладне за да дишете свеж воздух, направете менија однапред за да обезбедите здрава и урамнотежена исхрана.

Покрај тоа, прочитајте книги и уживајте во топлите бањи со музика што ве релаксира во овие тешки денови.

Наутро прво вежбајте

Вежбањето наутро може да го стимулира растот на кортизол, кој може да ви помогне да се разбудите. Вежбите со кратки интервали на интензитет ќе ви помогнат, како и јогата.

Скокање од 30 секунди и пет секунди одмор пет минути, всушност ќе го промени нивото на хормонот, заедно со дополнителните придобивки од брановите на ендорфин. Ако сте постари и не сте во форма, започнете со секојдневни вежби за истегнување.

Слични содржини