Совети за разведени мајки

од desk2
112 прегледи

Совети за самохраните, посебно за разведените мајки.

1. Поработете на сопствените финансии

Една од најважните работи кои морате да ги знаете ако сте штотуку разведена мајка е дека сега сте целосно сами кога станува збор за финансирање на себе и на вашите деца. Иако на сопругот му е одредено алиментација, најдобро е сами да се обезбедите. 

2. Семејството е ваша поддршка

Во такви моменти семејството е главна поддршка. Тоа ќе ви помогне при чувањето на децата, ќе ви ја даде потребната љубов и поддршка во тој период.

3. Не е грев ако излегувате

Разводот не е нешто привремено поради што треба да се ограничувате и да чувствувате вина доколку повторно сакате да излегувате и да се забавувате. Не смеете да се жалите себе си и новонастанатата ситуација во која се наоѓате. Излегувањето сигурно ќе ви помогне да ја вратите самодовербата.

4. Бидете подготвени да поминувате повеќе време со децата

На децата по разводот потребно им е поголемо внимание. Треба да научите како поквалитетно да го минувате времето со детето за тоа да се избори со разводот на родителите. 

5. Искористете ги сите поволности од државата

Треба да ги проверите сите можни бенефиции кои државата им ги нуди на самохраните мајки.