Советник на Путин за разговорите со Виткоф: Ние испративме некои сигнали и добивме сигнали од Трамп

Се разговарало за украинската криза и за можностите за развој на стратегиско партнерство помеѓу Москва и Вашингтон.

од desk2
18 прегледи

Разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на САД, Стив Витков, кои траеја околу три часа, биле корисни и конструктивни, објасни по крајот на средбата Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на Кремљ, јавуваат светските новински агенции.

Се разговарало за украинската криза и за можностите за развој на стратегиско партнерство помеѓу Москва и Вашингтон.

„Ние испративме некои сигнали и добивме сигнали од Доналд Трамп“, вели Ушаков.

Ова е петтата посета на Виткоф на Русија од почетокот на годинава. тој во Москва дојде само два дена пред истекот на рокот даден од претседателот на САД Русија да се согласи за крај на војната во Украина, а во спротивно САД би вовеле нови санкции.

Слични содржини