Велат дека парите се еднакви на власт, а Владимир Путин има многу моќ во моментов. Но, колку точно пари поседува?
Нето состојбата на рускиот претседател одамна ги возбудува шпионите и хакерите од целиот свет. Но, дешифрирањето е речиси невозможно и најверојатно е распределено во тајна мрежа од холдинг компании, недвижен имот и сметки на други луѓе, пишува Time.
Еве што е познато.
Најчесто цитираните податоци доаѓаат од поранешен советник на средно ниво во Кремљ на име Станислав Белковски. Во 2007 година тој изјави дека состојбата на Путин изнесува најмалку 40 милијарди долари. Оваа сума би го поставила во топ десет на милијардерите на списанието Forbes.
Изворот од Кремљ ги базира пресметките на наводните удели на Путин во голем број компании, главно во нафтениот сектор. Рускиот претседател контролира 34% од нафтената компанија Сургутнефтгаз, 4.5% од гасниот гигант Газпром и има значителен удел во компанијата за трговија со горива Гунвор.
Американските федерални власти исто го поврзуваат Путин со Гунвор. “Путин има инвестиции во Гунвор и можеби има пристап до финансирањето на компанијата”, соопшти американското Министерство за финансии во соопштението од 2014 година, во кое ги објави санкциите врз Русија.
Гунвор која постигнала приходи од 93 милијарди долари во 2012 година, негира дека Путин имал сопственост во компанијата.
Во 2012 година Белковски, во интервју за Бирото за истражувачко новинарство, сподели дека Путин веќе поседува 70 милијарди долари, врз основа на нови информации од “сигурни извори од корпорациите”.
Тоа би го приближило Путин до Бил Гејтс, кој според Bloomberg е најбогатиот човек во светот со нето состојба од 84 милијарди долари. Друг не толку сигурен критичар на рускиот претседател тврди дека неговото вистинско богатство може да е 200 милијарди долари.
Путин има и некој видлив имот кој му го покажува богатството. Дел од него е палата на црноморскиот брег, која се проценува на 1 милијарда долари. Таа вклучува “величенствена фасада која потсетува на дворците на руските цареви од XVIII век”, пишува ВВС. Се зае и за приватен театар, игралиште за слетување на три хеликоптери и соби за обезбедувањето.
Дворецот бил изграден лично за Путин, но платен преку таен фонд основан од група руски олигарси, тврди рускиот бизнисмен Сергеј Колесников, кој живее во егзил и кој ја открива шемата пред ВВС.
Според оваа шема во земјата постои систем каде претседателските овластувања му даваат на Путин пристап не само до корпоративното богатство на Русија, но и до личните сметки на некои од најбогатите руски олигарси.
Ако гласините се точни, Црноморската палата не е единствената која Путин ја поседува. Тој има 20 ревизори, четири јахти, 58 авиони и колекција на часовници во вредност од 460 000 евра, покажува скандалозен извештај напишан од поранешен вицепремиер во 2012 година.
“Во земја во која 20 милиони луѓе едвај врзуваат крај со крај, луксузниот живот на претседателот е бесрамен и циничен предизвик кон општеството”, напишал Борис Немцов во документот, цитиран од Telegraph.
Изданието раскажува и за “малку позната трикатна резиденција крај Саратов, на брегот на реката Волга, која располага со германски лустери и италијански мебел, сала за билијард, зимска градина, базен и сауна”.
Веројатно никогаш нема да ја дознаеме вистината за богатството на Путин. За разлика од Доналд Трамп, рускиот претседател јавно го „снижува“ богатството. Путин сепак не негира некоја непроценливост на сопственоста, раскажува репортерот на New York Times Стивен Ли Маерс во својата книга “Новиот цар”.
“Јас сум најбогатиот човек не само во Европа, туку и во целиот свет – колекционер на емоции”, вели Путин. “Богат сум со тоа дека луѓето во Русија два пати ми го доверија лидерството на една голема земја. Сметам дека тоа е моето најголемо богатство “, додава тој.
Слики: Instagram