Советот на Град Скопје ќе одлучува за парична помош на семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа кај село Ласкарци

од Vlatko K
120 прегледи

Советот на Град Скопје денеска ќе ја оддржи 27 седница на која ќе се расправа по единствена точка на дневниот ред – Одлука за определување еднократна парична помош за семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа кај село Ласкарци.

Одлуката на градот предвидува на семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово да се додели парична помош од 100.000 денари во нето износ. Паричните средства од оваа Oдлука се обезбедуваат од Буџетот на Град Скопје за 2019 година.

По завршувањето на оваа седница, Советот ќе ја одржи 28-та седница каде ќе работи со единствена точна на дневен ред – Поставување советнички прашања.