Создавачот на вакцината „Фајзер“: Ќе се вратиме во нормала на крајот на следната година

од Nikola Popovski

„Животот може да се врати во нормала следната зима“, изјавил денес креаторот на вакцината „Фајзер“,Угур Шахин.

Професорот Шахин, еден од основачите и извршен директор на компанијата Бионтех, кој исто така учествуваше во развојот на вакцината, изјавил дека вакцината може да го преполови преносот на вирусот, што ќе резултира со „драматично намалување“ на бројот на пријавени случаи, објави „CNBC News“.

Минатата недела, Фајзер и Бионтех изјавија дека ефективноста на нивната вакцина против корона е нешто над 90 проценти, заснована на 43.500 волонтери кои учествувале во тестовите.

Ефективноста на вакцината е значително поголема отколку што очекуваа научниците, па затоа извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, ова откритие го нарекол „големо за човештвото и науката“, пренесува Танјуг.

Сè уште има предизвици пред вакцината да стигне до популацијата, но се претпоставува дека вакцината треба да се користи пред крајот на годината, додава „CNBC News“.

„Ќе биде тешко оваа зима. Затоа, нема да забележиме многу придобивки од вакцината оваа зима. Ако сè оди според планот, ние ќе започнеме со испорака на вакцината до крајот на годината и почетокот на 2021 година. Нашата цел е да испорачаме повеќе од 300 милиони дози до април, а потоа ефектот ќе почне да се чувствува“, изјавил Шахин за Би-Би-Си .

Шахин заклучува дека е „апсолутно неопходно“ да се заврши имунизацијата на човештвото пред следната есен.

„Сигурен сум дека тоа ќе се случи, бидејќи бројни фармацевтски компании ни помагаат да испорачуваме кога ќе дојде време, за да можеме да имаме нормална наредна зима“, потенцира Шахин.

Слични содржини