СП 2018: По Меси, и Роналдо си оди дома, Уругвај ја победи Португалија во осминафиналето

од desk4

  Репрезентацијата на Уругвај е вториот четвртфиналист на Светското фудбалско првенство, откако синоќа во Сочи ја совлада Португалија со 2:1.

Ова значи дека најдобриот светски фудбалер Кристијано Роанлдо нема да има шанса да се бори за трофејот. Претходно во текот на денот и за Лионел Меси заврши Мундијалот по поразот на Аргентина од Франција.

Така, во четвртфиналето нема д аги гледаме двајцата најдобри играчи во последната деценија.

А виновник за елиминацијата на Роналдо е Едисон Кавани кој вечерва ги постигна двата гола за уругвајскиот национален тим. Голот за Португаклија беше дело на Пепе.

Во четвртфиналето Уругвај во петок на 6 јули, во Нижни Новгород ќе игра против Франција.

Слични содржини