СП ракомет: Познат состав на Македонија за дуелот со Јапонија

од desk2
153 прегледи

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалез одлучи со кои шеснаесетмина ќе се обиде да ги освои првите бодови на Светското првенство.

Македонија попладне со почеток од 15 часот и 30 минути во Минхен се среќава со Јапонија во првиот меч од Б-групата.

Селекторот Раул за овој натпревар ќе смета на: Борко Рисовски, Никола Митревски (голмани), Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Филип Лазаров
Филип Талески, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Кирил Лазаров, Горан Крстевски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски, Марио Танкоски и Филип Чурлевски.

Друга Шанса за учество на Мундијалот ќе чекаат Златко Даскалоски и Милан Лазаревски.