СП ракомет: Познати полуфиналните двојки

од Марта Пешевска
119 прегледи

По одигрувањето на натпреварите од последното коло во главната групна фаза, формирани се полуфиналните двојки на Светското првенство во ракомет што се одржува во Германија и во Данска.

Во полуфиналните пресметки ќе се сретнат:

Данска – Франција и
Германија – Норвешка.

Двата натпревара ќе се играат утре во Хамбург, првиот од 17:30 часот, вториот со почеток во 20:30 часот.

Во дуелот за 5.место во Хернинг в сабота Хрватска се среќава со Шведска со почеток во 20:30 часот. Три часа порано исто така во дански Хернинг за 7.место ќе играат Шпанија и Египет.