SpaceX ќе тестира ракета за Марс следната година

од desk2
110 прегледи

Компанијата SpaceX во првата половина од 2019 година ќе го тестира својот ракетен систем BFR наменет за мисија на Марс.

Основачот на компанијата SpaceX Елон Маск, рече дека очекува први кратки летови во првата половина од наредната година, но нагласи дека овој рок е оптимистичен со оглед на тоа дека ракетата Фалкон 9 првобитно требаше да биде лансирана во 2013 година, а всушност полета во февруари оваа година.

Сепак, тестните летови не се далеку, затоа што целта да се тргне на мисија на Марс е 2022 година.

BFR се смета за духовен наследник на Falcon Heavy, а нејзиниот актуелен дизајн подразбира 37 37 Raptor мотори, 31 booster ракети и шест на самото летало. Тоа значи дека ќе биде два пати појака од ракетата Saturn V. Ракетата би трабало повторно да може да се користи, а нејзиното лансирање че ја означипрвата мисија на SpaceX во вселената далеку од Земјата. Мисиите на Марс се конечна цел, но ракетата може да се користи и за лансирање на месечината и за праќање товар на Меѓународната вселенска станица.

Таа може да понесе товар од 150 тони, пет пати повеќе од Falcon Heavy.

Лесно е да се биде скептичен за рокот во 2019 година, не само поради преамбициозните поранешни распореди на маск, туку и затоа што ваква мисија е амбициозна и за НАСА. Ракетата BFR е висока 106 метри и е многу повисока од Falcon Heavy. Меѓутоа, треба да се земе во предвид и некои нови фактори, а тоа е дека SpaceX има многу повеќе искуства од претходно и постојано ги придвижува границите за патување во вселената.