SpaceX на Елон Маск постави два нови вселенски рекорди

од desk2
152 прегледи

Компанијата SpaceX на Елон Маск лансираше ракета со рекордни 64 мали сателити во вселената, најмногу од која било друга мисија досега.

Мисијата SSO-A беше третиот лет во вселената за рециклираната ракета Falcon 9, што е уште еден рекорд на приватната вселенска агенција и светски рекорд воопшто.

Ракетата полета од воздушната база Вандерберг во Калифорнија во 10 часот и 34 минути по локално време, носејќи сателити на 34 различни компании, владини агенции и универзитети.

Мисијата следеше неколку дена откако Индија со една ракета испрати 34 сателити во вселената.

По лансирањето, Falcon 9 се врати на Земјата, слетувајќи на брод на крајбрежјето на јужна Калифорнија.

SpaceX подготвува уште едно лансирање на ракета на 7 јануари, овојпат со човечки екипаж што ќе патува до Меѓународната вселенска станица.