454
Аналитичарот Неџмедин Спахиу, за српските медиуми изјави дека „мини Шенгенот“ најмногу одговара на Србија.
Тој смета и дека нашиот северне сосед ќе ги „проголта“ економиите на Косово, Македонија, Албанија и Црна Гора кога ќе се дојде до договор.
– Мислам дека што се однесува до Мини Шенген, Србија е најголем победник бидејќи има најмоќна економија на Западен Балкан, а кога ќе се постигне тој договор, Србија ќе ги проголта економиите на Косово, Македонија, Албанија и Црна Гора – објасни Спахиу.