Бугарија е една од првите земји во регионот што ќе го воведе и  користи системот “AMBER Alert – Missing Child”  

Ова е резултат на соработката во текот на изминатите 4 години помеѓу Секторот за сајбер криминал на ДПХОЦ – МВР и Фејсбук  , како и во контекст на бугарското претседателство со Советот на ЕУ.

Почетокот ќе биде објавен на прес-конференција во ЦГККЦ , при што претставниците на раководството на МВР и ГДРБОП, како и директорите за безбедност на Фејсбук за Европа ќе го презентираат системот.

“AMBER Alert – Missing Child” им овозможува на полициските служби да испратат порака која содржи неодамнешна фотографија и информации за саканото дете за сите корисници на социјални мрежи во радиус од 200 километри од местото на исчезнувзањето.

Ова дава огромна шанса  за помош и пронаоѓање на исчезнати деца.