Актуелно
Почетна / Локално / Спасено бебе сокол од видот ветрушки во Карпош 4 (ФОТО)

Спасено бебе сокол од видот ветрушки во Карпош 4 (ФОТО)

Вработените на ЈП„Паркови и зеленоло“ – Скопје при вршење на редовните активности  од пунктот во Карпош 4 спасија од сигурна смрт бебе сокол од видот ветрушки.

-Малата птица беше падната на земја и опколена со чавки кои ја колваа и сигурно ќе настрадаше доколку работниците не ја спасија и ја однесоа во Зоолошката градина од каде ќе биде предадена на одгледувач – љубител на птици на опоравување и згрижување, соопштија од претпријатието.

loading...