Џил Хикс од Тенеси, враќајќи се дома забележала мало и преслатко напуштено маче и одлучила дека ќе го земе со себе и ќе го згрижи.
Откако го сместила во својот дом, се вратила на местото каде го пронашла, мислејќи дека ќе најде и други мачиња, за да се погрижи за нив.
Кога се вратила дома сакала да го избања. Претходно, решила на Фејсбук да објави фотографии од своето ново милениче. Но, реакцијата на нејзините пријатели ја натерала да сфати дека воопшто не се работи за мачка.
Според коментарите, всушност таа спасила малечок женски рис, за кој уште не знае како се нашол во урбана средина. Потоа се сетила дека „мачето“ всушност цело време било вознемирено додека го возела во автомобилот.
Јасен знак дека е рис бил краткиот опаш. Веднаш го повикала локалното здружение за заштита на диви животни, кои процениле дека се работи за седуммесечна женска единка, која е во лоша здравствена состојба.
Рисот, кој го доби името Арвен, сега е згрижен во здружението, а потоа ќе биде вратен во природата.