Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Спасов: Кичеец за пратеник, Камчев за „Шпицен кандидат”за премиер

Спасов: Кичеец за пратеник, Камчев за „Шпицен кандидат”за премиер

„Според порталот „Курир“ српски тајкун со руски пари го финансирал превратот во Црна Гора за да се спречи нејзиното членство во НАТО.
А тој истиот тајкун, кој преживеал атентат врз него во Белград во декември минатата година и е кум на поранешниот претседател на Црна Гора Момир Булатовиќ , со руски пари го помагал референдумот во Македонија за влез на земјата во НАТО“, пишува на својот Фејсбук профил поранешниот министер за правда и македонски амбасадор во Лондон, Ѓорѓи Спасов.

„Телефонска изјава од него е крунскиот доказ за неговите руски операции на Балканот.

Негов платен човек за посредување и за средување бил Милевски Кичеец , вработен кај несудениот бугарски почесен конзул Орце Камчев.
А Камчев го финансирал Мицковски кој за возврат му ветил дека ќе го сруши СЈО и дека нема да дозволи да биде усвоен нов закон за Јавно обвинителство со кој почнатите предмети од СЈО ќе ги превземе редовното Јавно обвинителство.

Мицкоски земал пари од Камчев со ветување дека ќе направи се за да пропадне судскиот предметот „Империја”. Камчев преку Кичеец барал од Мицковски да не го прима Мијалков во белата палата.

Мицкоски потврдил дека не го прима Мијалков, но изјавил дека ги прима неговите пари за финансирање на партиски митинзи и води кампања во која тврди дека Мијалков станал близок со Заев.

Сето тоа од снимени телефонски разговори на Кичеец кој беше клучен сведок ,обвинет и осуден во аферата “Рекет” во која Камчев беше прогласен за „сведокот-жртва”.

Ме чуди како така способен човек како тој Кичеец не е кандидат за пратеник и зошто Орце Камчев не е “шпицен кандидат” за премиер.
Тоа би била вистинска „Обнова на Македонија”.

А можно ли е и Мицкоски да го рекетирал Камчев за да го спасува со обструкција на правдата или пак Орце нудел и давал мито кај што ќе стигне, вклучително и на „кики фрики новинарството” само за да се спаси од „неправдите”, посочува Спасов.

loading...