Спасов: Можно ли е Дан(и)ела да му е подметнато кукавичко на Мицкоски од бугарските служби?

од Берта Китинска
1,4K прегледи

Професорот Ѓорѓи Спасов  преку својата Фејсбук објава вели дека не е сигурен дека толкав голем број патриоти од ВМРО ДПМНА ќе гласаа за Арсовска откако во јавноста излегоа деоказите дека таа е бугарски државјанин.

-Дели е можно Дан(и)ела да му е подметнато кукавичко на Мицковски од бугарските служби?, наведувајќи ги индиции за тоа.

Има многу индиции за тоа

  1. Никој не знаеше дека се стекнала со бугарско државјанство уште во 2011година.
  2. Никој не знаеше дека била член на Надзорниот одбор на на Капитал банката во Скопје која 98% во сопственост на Бугарија.
  3. Никој уште не знае кој на независната кандидатка и ја финансира кампањата која чини милиони евра.
  4. Никој не знаеше дека ја обезбедуваат членови на здружението “Тодор Александров” кои се познати по своите екстремни пробугарски ставови и негирање на посебноста на македонската нација и јазик.
  5. Никој не знаеше дека ја добила “за џабалук” од Груевски салата “Расадник” во која не се покажала како добар менаџер.
  6. Никој не знаеше дека “менаџирала” со компанија за купување на кинески автобуси.
  7. Никој не знаеше врз основа на кои заслуги стана и Председател на Здружение на работодавачи (капиталисти) и Претседател на Сојуз на стпанските комори.
  8. И никој не знаеше врз основа на каква заслуга таа добива статус на почесен конзул на Орбан во Македонија во време кога во Будимпешта е избеган Груевски.

И таа сега се дрзнува да говори дека ќе се борела како градоначалник на Скопје против “националните предавства” што ги направил Заев.Не сум сигурен дека толкав голем број патриоти од ВМРО ДПМНА ќе гласаа за неа ако им беа познати сите овие факти. И дали ваков лик им е потребен на гласачите на Левица, пишува на Фејсбук,  Спасов .

Слични содржини