Спасов: Дали Русија се вмешува во нашите локални избори?

од Nikola Popovski

Професорот и поранешен министер, Ѓорѓи Спасов во Фејсбук објава прашува дали „Русија се вмешува во нашите локални избори?“.

Според него, Русија не е среќна со нашето членство во НАТО.

-Дипломатските односи со протерувањето дипломати ни се на најниско ниво. Таа не беше среќна ниту со членството во НАТО на Црна Гора и таму вложи големи напори преку Српската православна црква и други српско руски инсталации да ја смени власта и да ја разниша независноста на земјата. Кога веќе имаше моќ да се замеша во изборите за претседател на САД ,некој веќе требаше да помисли и дека ќе проба да им помогне на сите што се на нејзина страна во глобалниот судир со САД, па и на оние во Македонија. Сега пред вториот круг на локалните избори полека картите се отвораат, смета Спасов.

Тој потенцира дека има се поголем број индиции дека “независната ” кандидатка Данела за градоначник на Скопје е добро планирана инсталација од бугарските служби во соработка со режимот на Орбан и му е сервирана на Мицковски во замена за подршка.

-Таа дури откако се дознава за нејзиното бугарско државјанство, членувањето во Надзорниот одбор на бугарска банка и соработката со бугарското здружение “Тодор Александров” изјавува дека нејзина цел била “да се порази националното предавство на Заев” со кое Македонија стана членка на НАТО и на ЕУ.

Не случајно кандидат за градоначалник на општина Центар станува историчарката Наташа Котлар, која стана позната по своето остро противење на договорите со Грција и Бугарија и често говори за “предавничката”политика на Заев која таа ќе се борела да биде поразена.

Во првиот круг од локалните избори на општо изненадувње, во оштината Карпош не влегува во вториот круг докторот Оливер Зафиривски туку “независниот” Стефчо Јакимовдки познат како Гагарин од Подржикоњ, наведува професорот, меѓу другото, во својот Фејсбук статус и прашува:

-Ќе биде ли вратена Македонија многу чекори назад и дали овој пат Бугарија со своите блокади и уцени ќе ја одигра за потребите на Русија улогата на одвраќач на Македонија од НАТО и од ЕУ како што Србија денес ја игра таа улога за Русија на теренот на Црна Гора?

Слични содржини