Спасов: Штета што ниту еден пратеник од СДСМ не се спротивстави на Законот за дивоградби

од Берта Китинска

Голема грешка е Законот за легализација на дивоградбите и уште поголема членот 41. од тој закон со кој се запираат кривичните постапки против оние што беа свесни дека прават кривично дело со градење без градежна дозвола, пишува на својот Фејсбук профил професоот, Ѓорѓи Спасов.

-Гордана Силјановска овој пат е во право и штета што ниту еден пратеник од СДСМ не се спротивстави на овој чин на “заеднички договор за непочитување на законите и на правната држава”.

И да се поништи и да не се поништи од овој закон штета ќе има пред се СДСМ бидејќи голем дел од нас и така ВМРО го сметаме за неодговорна партија. СДСМ не смееше да дозволи со еден ваков чин да им даде за право на оние што се обидуваат да докажат дека е ист со ВМРО.

Користа што можеби некој ја пресметал за општините пред локалните избори ,од легализацијата преку наплатување на 50% повисоки давачки за легализирање на дивоградбите ,ќе биде многу помала од штетата што се прави со пораката “градете на диво, кога и да е, тоа ќе се легализира” и од скриената амнестија што ја изнудиле од ВМРО.

Пендаровски треба да го врати тој закон на доработка и освен бришењето на членот 41, има добри идеји од разни страни како може да се дозволи легализација само на дивоградби кои не ги нарушуваат суштествено ниту ДУП овите ниту ГУП от и не ги загрозуваат заштитените зони и националните паркови.

Се друго ќе биде погубно пред се за СДСМ и ќе ја зајакне улогата Левица и на малите партии што не гласаа за овој закон.Уставниот суд би можел со голема леснотија да го укине овој закон а тоа би бил дополнителен пораз за СДСМ, напиша Спасов.

Собранието го изгласаат Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, како нуспојава е донесена практично амнестија на сите обвинети за кривичното дело Бесправно градење.

Според член 41 од овој закон, се запираат постапките за рушење на дивоградбите, но се прекинуваат и управните и судските постапки (кривични и граѓански постапки) кои се во тек и кои произлегуваат од постапките за отстранување на објекти кои се завршени или се во тек и постапки во врска со изградба на бесправни објекти.

Слични содржини