„Али Ахмети само го провоцира македонскиот национализам. Ако не биде прифатено било кое негово барање да може да каже: Сите се исти. “Не не сакаат. И за разлика од нас Албанците кои сме космополити, тие етнички се фрустрирани”. Тој ги турка со провокација сите Македонци и припадниците на сите други етнички заедници во обединување за да може да каже: „Мора ние да се обединиме против нив“, пишува на својот Фејсбук профил аналитичарот и поранешен амбасадор Ѓорѓи Спасов.
„Тој чезнее да биде на чело на Обединетите Албанци како во 2001 година кога “со крв ја обезбедувал слободата и рамноправноста”. И живее во тој филм. И затоа не треба да се наседнува на такви провокации. Не е патриотизам ние да се обединуваме против нив. Тоа е национализам.
Патриотизам е она што го покажа Заев во однос на Грција и Бугарија. Да се нудат одговори а не изговори. Смирено и без непотребно наседнување на провокации. Интересите се бранат најдобро ако имате разбирање за нивните проблеми но и ако тие се подготвени да ве разберат вас. Без тоа, обединувањата на двете страни ќе водат само кон оддалечување и распад.
Заев и неговиот тим со ладна глава до сега решаваа многу потешки проблеми од составување влада. Може би во резерва крие и некое двотретинско мнозинство Тоа треба да го има на ум и оној што ја чул поговорката дека „Барајќи рогови можеш да останеш и без уши“, вели Спаов.