Спасовски бара разрешување на Мизрахи

од Vladimir Zorba
349 прегледи

Премиерот на РСМ во техничката Влада Оливер Спасовски, до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, брифираат за Стандард од Владата.

„Премиерот и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши Уставот и со тоа ја загрозува евроатланската иднина на земјата, премиерот до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Мизрахи“, велат од Владата.

Мизрахи вчера изјави дека таблата поставена во МТСП, на која стои Република Македонија е наследена. Како што појасни, не постои стара и нова, постои само една табла. Таа истакна дека нема намера да ја менува таблата со старото име, па дури и да треба да плати казна од 5.000 евра.

– Јас не ја игнорирам реалноста, но нема да дозволам создавање на нова реалност. Демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда и да реагира по истата. Таблата е наследена и не постои стара и нова табла. Постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика, рече Мизрахи.

Слични содржини