Спасовски: Инспектор ќе си сноси одговорност доколку е точно дека на пријатели споделувал информации за истрагата за убиствата на Вања и Панче

од Nikola Popovski
599 прегледи

Со поднесувањето на кривичните пријави, целосната истрага оди во Основното јавно обвинителство и таму е целата документација. Сите детали се разгледуваат таму. Не би можел да споделувам повеќе информации бидејќи истрагата не се води по медиуми, туку мора во ОЈО, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, запрашан за тоа каде се наоѓало возилото на убиениот Панче Жежовски, од моментот кога му е одземено до моментот кога е користено на 27-ми ноември од страна на убијците, за киднапирање на малата Вања Ѓорчевска.

Еден од новинарите го запраша министерот дали е точно дека инспектор давал информации за истрагата на познаници и пријатели низ Скопје, на што Спасовски истакна дека во последниот период се лиферуваат многу шпекулации за истрагата.

-Кога во истрага сите шпекулации ги изнесуваме во јавноста, може да се влијае на самата истрага. Тоа не е добро. За било каква активност што е нелегална, без разлика дали е инспектор или некој друг, ќе си сноси одговорност, доколку постои такво нешто, кажа Спасовски при посетата на СВР Куманово.

Слични содржини