Потпретседателот на СДСМ и Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, на граѓанската трибина „На Прав пат“ во Куманово се осврна на остварувањето на клучниот предизвик во државата за консолидирање на безбедносниот систем.
Тој истакна дека на 1 јуни 2017 година, кога ја презема министерската функција го затекнал Министерството за внатрешни работи со долг од 40 милиони евра, 15 години ненабавени униформи и опрема, исти плати, без услови и мотивација за работа.
„Сега долгот е намален на 10 милиони евра, реконструирани 36 полициски станици, а уште четири се реконструираат и тоа во Валандово, Гевлегија, Крива Паланка и Кемањање. Нови комплетни униформи веќе добија Единицата за специјални задачи, воздухопловниот персонал, како и Одделот за обезбедување на личности и објекти, а во тек е комплетирање на униформите за Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка.“ – рече Спасовски.
Спасовски додаде дека со помош на средствата од ИПА е изграден објект за случај на елементарни непогоди во Прилеп, поставен е камен темелник за објектот на крим-техника на МВР, ќе се гради нов објект за центар за странци, кој од Гази баба се преместува во Стенковец.
Новата Агенција за национална безбедност е голем чекор кон реформа на безбедносните служби, а ова се само дел од мерките што позитивно влијаат на унапредување на условите за работа на вработените во МВР, рече Спасовски.
„До пред години се боревме да се избориме за слободата и демократијата во Македонија и на 27 април во Собранието покажавме дека сме подготвени да ги дадеме животите за слободата, истакна тој. Денеска со успех констатираме дека таа слобода и демократија ја имаме, но сега е моментот чесните и клучни луѓе да ги победат арамиите, кои 11 години ја држеа земјата во темнина, додадеСпасовски.“ – рече Спасовски додавајќи дека таа битка не смее да се изгуби и дека истата се покажува на дело секој ден низ неселективна паравда и транспарентни постапки и секој еден што се огрешил пред законот се изведува пред лицето на правдата.