Спасовски на средба со Задорожњук – разговарале за поддршката што С. Македонија и ја дава на Украина

од Vladimir Zorba

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска остварил средба со амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија Н.Е. Наталија Задорожњук.

На средбата е разговарано за поддршката што Република Северна Македонија ја дава на Украина, имајќи ги посебно предвид постапките за добивање на привремен престој на лицата од завојуваните подрачја во Украина поради хуманитарни причини.

Притоа амбасадорката Задорожњук изразила благодарност до МВР за експедитивноста при издавање на лични карти со кои се регулира статусот за привремен престој поради хуманитарни причини.

Слични содржини