Спасовски од Чашка: Од ноември 2020 година реконструиравме 11 објекти

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Согласно планот за реализација на реконструкција на објектите и подобрување на условите за работа на вработените во Министерството за внатрешни работи, завршена е и целосната реконструкција на објектот на Полициското одделение Чашка.

„Посебно ми е драго што колегите од оваа наша организациона единица од денес и официјално добиваат квалитетен, реконструиран и саниран работен простор и амбиент кој што ќе придонесе за подобрување на квалитетот и стандардот на работа и услуги што полицијата ги дава на граѓаните како нивен сервис“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при неговата денешна посета на Полициското одделение Чашка во општина Чашка, каде што имаше работна средба со раководството на СВР Велес и на оваа полициска организациона единица, а по повод завршената санација и реконструкција на објектот.

Додаде дека од ноември 2020 година реконструирани се 11 објекти, а моментално се работи и на други објекти кои ќе бидат целосно готови до крајот на 2021 година.