Вонредната ситуација, исклучително вонредна и сериозна ситуација пред која сме претставени од коронавирусот, наложуваат и вонредни мерки. Ова е вонредна ситуација и затоа е потребна и вонредна состојба, истакна премиерот Оливер Спасовски во обраќањето до јавноста.
„На денешната седница донесовме одлука да предложиме вонредна состојба на територијата на целата држава, сега и веднаш. Мерките ги дадоа очекуваните резултати, но ти е мерки треба да се заострат за да спречиме тоа што е можно, односно поголем пик на коронавирусот за кратко време. Убедени сме дека тоа можеме да го спречиме со воведување вонредна состојба. Ова е една од најтешките одлуки која ја донела било која влада изминатите години“, рече Спасовски.
Повика политикаснтвото да се остави за друго време, бидејќи се работи за животите на сите граѓани.
„Донесовме одлука да му предложиме на Собранието да се воведе вонредна состојба. Собранието не распуштено, но постои уставна и правна основа претседателот да воведе вонредна состојба во траење од 30 дена“, истакна премиерот.
Тој посочи дека тоа не значи по автоматизам рестрикција на правата, слободите и движењето на граѓаните, но дека владата ќе може непречено да делува во борбата со вирусот и ќе може да спроведува мерки за помош на погодените граѓани и компании.