Вчера на ГП „Табановце“ уапсени се командир, заменик-командир, раководител на смена и шест полицајци

од Radmila Tasevska

Уапсени се командир, заменик-командир, раководител на смена и шест полицајци во вчерашната голема акција што ја спроведоа МВР и Обвинителството за организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) на граничниот премин „Табановце“.

На денешниот брифинг со новинарите, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека службениците се приведени поради злоупотреба на службената положба.

Претреси имало и во домовите на службениците.

Дел од медиумите објавија дека при вчерашниот претрес на „Табановце“ во кабините на полицајците била пронајдена картонска кутија во која имало поголема сума пари во различни банкноти во денари, евра, швајцарски франци, американски долари и турски лири.

МВР и ОЈО ГОКК синоќа на граничниот премин „Табановце”, спроведоа голема акција што предизвика големиот застој на граничниот премин. Колони возила беа заглавени на македонско-српската граница и по неколку часа, а граѓаните револтирани на социјалните мрежи објавуваа видеа и фотографии од километарските колони на граничниот премин.

Слични содржини