Спасовски: Таткото на Вања споделил информации со организаторот на убиството кога малолетничката излегува од дома

од Nikola Popovski
1,9K прегледи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска на прес-конференцијата информираше дека е расчистен случајот со убиствата на малата Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Според него, лицата биле убиени и закопани.

Осомничени се пет лица, тројца се во притвор, едно е надвор од државата, а петтото лице- таткото на малолетничката е приведен и со него е извршен разговор.

-Мотивот е користољубие, при што едно од лицата во договор со близок член на семејството, го организирал извршувањето на делото, со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката. За другата жртва, Панче од Велес, нема никаква врска со Вања, но поради нерасчистени односи со еден од осомничените, неговото возило е употребено за грабнување на малолетничката од влезот од каде што живеела. Според исказите на осомничените, таткото споделил информации со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување сама од дома, кажа Спасовски на пресот.

Како што информира министерот, малолетничката била усмртена околу 10 часот истиот ден кога била грабната. Тој истакна дека ќе стори се за да се пронајде, како што рече, монструмот кој што е во бегство.

-Се работи за изолиран случај на бандити кои сакале да изнудат пари, посочи министерот.

Слични содржини