Спасовски: Зголемување на казните за неносење маски, нема да даде ефект

од Берта Китинска
158 прегледи

Зголемување на казните за неносење маски, нема да даде ефект, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се зголемат казните за неносење маски со оглед на тоа што секојдневно се високи бројките за непочитување на оваа мерка, Спасовски истакна дека зголемувањето на бројот на казни, што во моментот се движат од 800 до 900 на ден, покажува дека имаме не почитување на овие додлуки, но се покажува и решеноста да истраеме во спроведувањето на одлуките.

– Не мислем дека само зголемувањето на казните ќе даде ефект. Некогаш е многу поважно ако треба и со помала казна, меѓутоа да се почитуваат тие мерки што ги имаме со поголеми контроли. Сметам дека малку и нивото на разбирање на сериозноста на состојбата со КОВИД-19 ќе не доведе уште повеќе да ги почитуваме мерките што ги предлагаат здравствените власти, а членовите на Влада ги носат одлуктие, со цел да ги заштитиме граѓаните, изјави министерот Спасовски, кој денеска учествуваше во хуманитарната акција во организација на Општина Гази Баба.

Слични содржини