Специјалното јавно обвинителство издало наредба за претрес и барање за лишување од слобода на висок функционер на УБК. Овие барања СЈО ги поднело поради опасност од бегство, влијание на сведоци и уништување докази, како и опасност од повторување на делото, дознава 24 вести од сигурни извори во предистражната постапка.

сјо

Истите извори велат дека околу 4 ипол часа се  чекало од Kривичниот суд да одлучи и да издаде наредба за претрес во домот на функционерот во УБК, но судот не се согласил. Лицето се сомничи за три дела во врска со предметот со прислушувањето, односно опремата за прислушување.

Како што  се дознава, бараниот од СЈО се посочува како директен извршител на  прислушувањата. Истите извори наведуваат дека има сомнежи дека осомничениот функционер, овие дејствија ги извршувал вон законската процедура и не престанал со нив подолго време.

Порталот Нова објави дека станувало  збор за началникот на петтата управа Горан Груjoвски кој  не бил  достапен за Специјалното јавно обвинителство, а се  бара за да овозможи негово сослушување .

Посочениот Горан Груевски е началник на петтата управа при МВР и близок соработник на директорот на УБК, Сашо Мијалов. Пред осум месеци Јавното обвинителство  соопшти дека,  заедно со Мијалков, Груjoвски бил испитуван  во врска со аферата со прислушувањето.  Во меѓувреме сите предмети преминаа во надлежност на СЈО.

Повеќе информации и конкретни имиња СЈО најавува за утре, а потрагата по осомниченото лице ќе продолжи до негово пронаоѓање или јавување за сослушување.

Слични содржини