Изложбата “Michelangelo: Divine Draftsman and Designer” во музејот Метрополитен во Њујорк ќе собере на едно место повеќе од 150 цртежи, три мермерни скулптури, архитектонски проекти и рани дела на Микеланџело, пренесе Artprice.
Настанот ќе се одржи меѓу 13 ноември до 12 февруари 2018 година. Изложбата ќе собере на едно место невидено голем број дела на Микеланџело Буонароти. Меѓу делата кои музејот ги зел под наем за изложбата е колекција од цртежи, создадени за Томазо де Кавалиери – најблизок пријател на Микеланџело.
Двајцата се среќаваат во 1532 година и остануваат заедно до смртта на уметникот. Покрај цртежи, Микеланџело му посветува на Томазо де Кавалиери и околу 30 свои песни. Организатор на изложбата е Кармен Бeмбах, куратор во департментот “Цртежи и графики” на музејот “Метрополитен”.
Таа е автор и на богато илустриран каталог кој ќе биде отпечатен од издавачката куќа на музејот и дистрибуиран од Yale University Press. Изложбата ќе биде проследена и од разновидна образовна програма, чии акценти претставуваат La Dolce Morte формирани мотиви од поезијата на Микеланџело, и “Шостакович, Микеланџело и совеста на уметникот”.