Група реставратори откри некој вид временска капсула во задниот дел на дрвена статуа на Исус Христос од 18 век, пренесе Њузер.

Скулптурата од црквата Санта Агуеда од Шпанија, била положена на маса заради поправки, кога реставраторите забележале дека има нешто во неа.
Откриено е дека задницата на статуата може да се отвори и дека во неа се наоѓа ракопис од 1777 година потпишан од Хоакин Мингез, капелан на катедралата Бурго де Осма. На два листа хартија, од двете страни, Мингез го опишува животот во Шпанија кон крајот на 18 век. Тој пишува за жетвата, пченицата, ’ржта, јачменот и овесот, и за производството на вино во тој регион, пренесе Gizmodo.
Како најголеми закани ги наведува маларијата и тифусот, и ги опишува најпопуларните игри со кои луѓето се забавуваат.
Мингез исто така ја спомнува шпанската инквизиција и кралот Карлос Трети и го фали Мануел Бал, вајарот што ја изработил статуата.
Њујорк пост наведува дека Мингез ги спомнува и тореадорите од тоа време, и дека документот е намерно пишуван за да биде скриен и оставен за некои други генерации, како што тоа сега се прави со временските капсули.