Петнаесет катната  зграда во иранската престолнина – едно од највисоките стари згради во Техеран, се урна  и тоа се виде во живо на телевизија , откако пожар ги зафати горните нејзини  катови, пренесува AFP.

Во зградата, која датира од 60-тите години на минатиот век, имало трговски центар и работилници за облека. Таа била евакуирана, но во неа имало пожарникари кои се бореле со пламените и во моментот се пребројуваат жртвите

Според податоците на локалните власти, најмалку 25 лица се повредени во пожарот кој изби во катна зграда. Полицијата ги блокирала улиците во областа. Во моментов не е јасен конечниот број   на жртви или повредените. Од пожарникарските служби појаснија дека испратиле 10 пожарникари за справувањето со пожарот, по сигналот на кој е побаран  околу осум часот утринава (по локално време). Последно е , најмалку 30 пожарникари загинати при уривањето на 17-катната зграда во Техеран, јавуваат медиумите во Иран. Под урнатините можат да се наоѓаат меѓу 50 и 100 лица, посочуваат претставниците на локалните власти.