Спијте голи – поздраво е!

од Vladimir Zorba
330 прегледи

Повеќето луѓе спијат со некаква облека, било да се тоа пижами, ноќница или барем маичка и кратки шорцеви. Мажите од друга страна често ги користат своите боксерки наместо пантолони. Стилови колку сакаш!a0c4fe0b30eca3945832af9275a90c99

Малкумина се оние кои го претпочитаат спиењето гол. Наместо да се прашувате, видете зошто тие се во право што го преферираат! Спиењето без облека има неверојатни здравствени придобивки и треба да се практикува не само по секс.

Го подобрува метаболизмот

Спиењето без облека ги отстранува стомачните масти, бидејќи ја балансира секрецијата на кортизол во телото, кој е хормон на стресот. Покорисно е да спиете голи на пониска температура во просторијата, но добро покриени. На овој начин и шеќерот во крвта се намалува по природен пат.
Исто така е важно да спиете доволно, бидејќи во спротивно кортизолот не опаѓа до потребното ниво, а тоа го оптоварува организмот со постојан стрес. Стресот од своја страна предизвикува акумулација на стомачни масти, толку опасни за здравјето.

Покорисно е за половите органи

Гениталиите се постојано покриени со некаква ткаенина. Во зависност од тоа од што се изработени гаќите, половите органи имаат или немаат можност да “дишат”. Во текот на ноќта долна облека не ви треба, па затоа е добро да ги оставате гениталиите слободни. На овој начин нема да се задржува излишна влага, појавувајќи се предуслов за настанување на инфекции и размножување на бактерии, особено кај жените.

80008645d0e1c5292153872f2355e834Ја отстранува несоницата

Според истражувањата, несоницата и зголемената телесна температура се тесно поврзани. Научниците сметаат дека ако нашето тело се прегрее во текот на ноќта, тоа не може да се ослободи од вишокот на енергија и на тој начин мозокот не се одмора, туку се буди често.

Ладењето на телото е суштинско и е директно поврзано со спиењето. Ако спиеме голи, нашето тело ќе се излади до потребниот степен, за да ги нормализира процесите и да го натера системот да одмори квалитативно.

Заборавете на спиењето со блузи, чорапи и слични отежнувачки додатоци за организмот, до ​​телото.

Се намалува стареењето

Може да не ви се верува, но спиењето гол помага за бавното стареење. Тоа е така, бидејќи длабокиот сон ја провоцира секрецијата на хормонот мелатонин – хормон за раст, кој ја подобрува целокупната состојба на кожата и телото.

Ја поттикнува блискоста со партнерот

Контактот со кожата секогаш е повозбудлив. Ако спиете со партнерот голи еден до друг и кожата  чувствува непосреден допир на неговата кожа, тоа е секси и возбудливо од сè!

Само при допирот на голите тела во организмот се секретира повеќе окситоцин – хормон на среќата, кој ја зголемува приврзаноста, а и има значење за целокупното здравје.