Сплавот „Цунами“ проголтан од оган, се шпекулира дека пожарот е подметнат

од Vladimir Zorba

Четири сплава на кејот на реката Сава наречени „Цунами“ синоќа беа проголтани од пожар. Повредени нема,пишува Политика.

„Околу 5.20 часот е пријавен пожар кај членовите на Секторот за итни случаи. Веднаш на местото на настанот дојдоа пожарникари, а во интервенцијата учествувале 31 припадник на Секторот за итни случаи со девет противпожарни возила. Во гаснењето на пожарите учествувал и спасувачки брод“, се вели во соопштението од Кабинетот за односи со јавност на српското МВР.

Во текот на ноќта пожарот е локализиран. Според првичните проценки, штетата е огромна, а од објектот е останата само конструкцијата.

Кејот бил обвиткан во густ црн чад, нешто што жителите на Нов Белград можеа даго видат многу јасно од нивните станови, пишува изданието. Многумина, признале дека се вознемириле од експлозијата, па трчале кон насипот за да видат што се случува. Сепак, во официјалното соопштение на српското МВР се вели дека немало експлозија.

– Отидовме кај пријател на славата и слушнавме тресок кога ја напуштавме зградата. Децата се вознемирија и останаа со жена ми во ходникот, и дојдов да видам што се случува, вели за „Политика“ Немања Марковиќ, кој живее во близина.

За време на пожарот на шеталиштето покрај реката, имало такви кои трчале, шетале миленичиња, а меѓу нив имало и деца – и за среќа никој не е повреден.

„Цунами“ работел под „полна пареа“. Се изнајмувал за ноќни забави и прослави. Од овие сплавови, кои секогаш биле полни, доаѓала музика која, како што велат жителите, честопати била неподнослива.

Исто така, се појавија и вести дека пожарот е веројатно подметнат, а истрагата ќе ја утврди вистинската причина.

Слични содржини