Спомен-обележја на Никола Бадев и Пеце Атанасовски во Кисела Вода

од desk2
126 прегледи

Во општина Кисела Вода денеска беа откриени скулптури на легендите на македонската народна песна Никола Бадев и Пеце Атанасовски.


Скулптурите се поставени во паркот Македонија, во кругот на новиот Дом на култура. Леани се во бронза, во природна големина, поставени на постамент обложен со травертин.

Спомен-обележјето на Пеце Атанасовски е дело на Сашо Барјактаров и Димитар Филиповски, додека скулптурата на Никола Бадев ја изработи Елена Рафајловска. Тие беа прворангирани на конкурсот распишан од Општина Кисела Вода, согласно Програмата на Одделението за култура и со поддршка од Советот на Општината.

– Овие две исклучителни музички појави, афирматори на македонската народна песна и на македонската држава, оставија неизбришливи траги во македонското културно наследство. Со поставувањето на нивните спомен одбележја, Општина Кисела Вода уште еднаш ја искажува почитта кон нивниот лик и дело и дава свој влог во зачувувањето на нивната бесмртност, соопшти општина Кисела Вода.

Откривањето на скулптурите беше во присуство на семејствата на Бадев и Атанасовски.